МЕРКЕЛ МУ ДАДЕ „ШУТ КАРТА” НА ЗАЕВ: Владата вели му дала „зелено светло”!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две различни верзии за една иста средба помеѓу премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел.


Едната верзија може да се прочита во соопштението на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, а другата во соопштението на владата.

Ако двете соопштенија се споредат, очигледно не дека Меркел не сака да говори за датум за преговори, а Заев вели дека ќе го добиел во септември.

Во соопштението од кабинетот на Меркел, се вели дека Германија го поддржува европскиот пат на С. Македонија и дека ја поздравува промената на името, но, нема ниту еден збор за добивање на датум преговори. Не се споменува ниту јуни, ниту септември.

– Германија заедно со Франција си поставија цел – зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето за спорот со името „Македонија“. Под покровителство на ОН, балканската држава од 12 февруари 2019 година се преименува во C Македонија, со што се стави крај на спорот за името со Грција што траеше од 1991 година. Во април премиерот Зоран Заев, исто така, присустрвуваше на состанокот за Западен Балкан, што го организираа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. – стои во соопштението од кабинетот на канцеларката.

Од друга страна, од прес службата на владата очигледно работат на купување на време. Па, велат дека Македонија донила „зелено светло” и датумот ќе сригнел во септември, иако, во соопштението на Меркел нигде не се тврди истото.

– Претседателот на Владата на РСМ Заев, на средбата нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември. – стои во владиното соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This