Меркел нajaви пpoдoлжyвaњe нa cтpoгитe мepки дo cлeднaтa гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија ги продолжува сегашните мерки за делумно затворање до 10 јануари, е објавено по состанокот на претставниците на федералните и покраинските влади во Берлин.

„Сè уште сме далеку од посакуваната вредност од 50 новоинфицирани на 100.000 жители во период од седум дена“, рече германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со премиерите на сојузните држави.

Таа исто така рече дека големиот број смртни случаи од последиците од коронавирус покажува колку голема одговорност имаат претставниците на федералните и провинциските влади.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох објави дека во последните 24 часа биле евидентирани 17.270 нови инфекции и 487 смртни случаи како резултат на инфекција со коронавирус, што е најголема вредност од избувнувањето на пандемијата.

Мерките воведени на почетокот на ноември и минатата недела продолжени до 20 декември, остануваат во сила до 10 јануари.

Мерките вклучуваат забрана за прифаќање гости во хотели и ресторани, како и забрана за културни институции како што се театри, опери, кина и спортски сали.

Забраната за собирање на повеќе од пет лица од две домаќинства е исто така во сила. На минатонеделната сесија било договорено да се релаксираат мерките за контакт за време на Божиќните празници, кога ќе им биде дозволено да се соберат до десет лица од повеќе домаќинства.

Покрај тоа, граѓаните се повикуваат да се воздржат од патувања, особено во странство.

„Ситуацијата во која се наоѓаме во моментов е неприфатлива, затоа е неопходно и важно да се продолжи заклучувањето до 10 јануари“, рече по состанокот премиерот на Баварија, Маркус Содер.

Тој повика на натамошно продлабочување на мерката карантин.

„Прашањето е дали можеме да ја одржиме земјата во оваа состојба на полусон подолго или треба да размислиме за продлабочување на мерките“, рече Содер, кој се залага за пократка, но поинтензивна блокада.

Премиерот на Федералната држава Берлин, Мајкл Мулер, повика на поинтензивно планирање на процесот на вакцинација за граѓаните откако вакцината ќе се појави на пазарот, што се очекува на крајот на оваа или почетокот на следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This