April 28, 2024, 12:50 am

Место електронски, пратениците ќе гласаат со картончиња во бои

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ковид-19 ги „избрка“ пратениците од пленарната сала, каде што одстана системот за електронско изјаснување и каде што, за време на конститутивната седница ќе бидат сместени гостите од државниот протокол и од дипломатскиот кор

Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер на парламентарна партија што нема да стане пратеник, ќе биде поканет како гостин на конститутивната седница

Првпат по три децении парламентаризам и плурализам во земјава, македонското Собрание ќе заседава надвор од салата за одржување пленарни седници. И по повеќе години, гласањето нема да биде електронско, туку ќе се гласа со кревање рака, односно со картончиња во три бои – зелена -„за“, црвена – „против“ и жолта – „воздржано“.

Системот за електронско гласање останува во пленарната сала, додека, поради ситуацијата со ковид-19, конститутивната седница на новиот парламент, која ќе почне на 4 август, ќе се одржи во една од новите сала, што беа изградени за време на реконструкцијата и доградбата на собраниската зграда, односно во салата позната како „Голема купола“.

Во салата за пленарни седници „Македонија“, пак, ќе бидат сместени гостите кои се поканети на на конститутивната седница, а чиј список е прилично долг, и покрај препораките на здравствените власти за избегнување поголеми собири.

Од Собранието велат дека во салата „Македонија“ ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца меѓу гостите. Инаку, меѓу поканетите на конститутивната седница би требало да биде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер на партија кој не влегува во новиот парламент, затоа што не беше кандидат на изборите на 15 јули.

Конститутивната седница, како што соопштија од парламентот, ќе се одвива според протоколи и критериуми што се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот.

На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.

Сценариото за конститутивната седница предвидува да се гласа рачно, со картончиња, а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на МРТ.

На крајот на денот ќе се дезинфицираат сите простории во кои имало активности.

„Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести и за претставниците на медиумите ќе важат одредени протоколи за следење на Конститутивната седница, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот“,

велат од Собранието.
За да се избегне поголемо групирање, конститутивната седница ќе може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум. Исто така, во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието нема да работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето во прес-центарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This