Мета го „3EMA“ Бигорски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албнскиот претседател Илир Мета вчера беше во посета на македонската општина Дебар, каде беше пречекан од дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, но на настанот присуствуваа и спикерот Џафери и лидерот на ДУИ, Ахмети.

Посетата на Мета беше по повод одбележување на 111-годишнината од одржувањето на Дебарскиот конгрес. Албанскиот претседател на општина Дебар и додели посебно признание, како и на уште петмина поединци.
Градоначалникот на општина Дебар, Хехуран Дука, на својот фејсбук профил, сподели бројни фотографии од настанот.

Мета вчера ја нагласи потребата од заедничко делување на патот кон Европската унија.

„Најприоритетно нешто е да го сочуваме соживотот меѓу Албанците и претставниците на другите етнички заедници тука, да придонесеме за економски развој, што ќе значи отворање нови работни места а со тоа и задржување на младите во родниот крај. Депопулацијата, како овде, така и во Албанија е болно прашање, на кое треба да му ставиме крај. Евроинтеграциите за двете земји се од огромно значење, за што се надеваме дека ќе има позитвен тек“, рече Мета.

На свечената академија говореа и собранискиот спикер, Талат Џафери, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Посетата на Дебар, Претседателот Мета ја искористи и за посета на Бигорскиот манастир, каде беше заедно со градоначалникот Дука и дебарскиот муфтија, Решат Качалнику. Имаше срдечна средба со Епископ Антаниски, г. Партениј, а се запиша во книгата на спомени. Мета ги посети и двата бањски локалитети, Косоврасти и Бањиште.

Од фотографиите кои на својот фејсбук профил ги објави градоначалникот Дука, но и од видеото, може да се види дека протоколите за заштита од пандемијата со ковид 19 малку се почитуваат.

Но, од нив може да се забележи и дека албанскиот претседател во општина Дебар бил пречекан без македонското знаме. Односно, од фотографиите се гледа дека во просторијата е истакнато само албанското знаме, но не и официјалното знаме на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This