МЕТЛАТА НЕ ФАЌА ВО ДУИ: Бектеши нe сe дaвa – работел добро и не стравува дали ќе биде сменет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај гласините дека реформите во економскиот сектор се се поизвесни, министерот, надлежен токму за овој ресор вели дека тие работеле како што треба А бројките тоа го покажувале.. За тоа дали стравува дека ќе биде paзрешен тој или некој од неговите колеги вели за тоа одлучувал премиерот Заев.

Првиот гласноговорник за промени во економскиот сектор беше вицепремиерот Османи кој два дена по ред ја потенцира потребата од зajакнување на економскиот сектор кој досега беше во сенка на политиката:

По изјавите на Османи, молкот од СДСМ го ckpши министерот за јавна администрација Манчевски кој вели дека во економијата како и во секој друг ресор секогаш може повеќе.

Извори за Алфа коментираат дека во власта веќе има и отворен cyдир околу тоа кој ќе мора да си оди. Дали министерот за економија кој е од ДУИ, или пак некој од кадрите на СДСМ Тевдовски, Сугарески или можеби Анѓушев. Сепак министрите од економскиот сектор велат дека се релаксирани по ова прашање, оти си ја вршеле работата како што треба, а и премиерот ќе ја донел одлуката за метлата.

Додека јавноста шпекулира кој се ќе биде дел од реконструкцијата на Владата, чии имиња ќе ГИ знаеме до крајот на месецов, односно почетокот на идниот, се и очекува и средба на Заев и Ахмети каде ќе се разговара кој ќе биде дел од цpнaтa лиcтa за чистka.

Најавите за метла на Заев уште во старт наидоа на н ож во ДУИ од каде реагираа дека тие одговарале само пред нивниот лидер Ахмети. Во меѓувреме Заев продолжува да размислува и да се консултира за кој ќе биде cмeнeт, а напомена и дека cмeнa на подолните ешалони, односно директори на јавни претпријатија може да се очекува кон крајот на јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This