МЕТЛАТА ОДЛОЖЕНА: Ќе заиграла во јуни – пpoмени и во Владата и во СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев по завршување на Виенскиот економски форум оствари серија средби со претставници на неколку реномирани компании од Република Австрија коишто веќе имаат свои претставништва во Македонија, како што се ЕВН и А1 Телеком Груп.

По состанокот тој најави дека т.н. метла ќе заигра во јуни.

– Тоа е тој квалитативен период којшто од некои десеттина дена – дванаесет го имаме пред нас, до почетокот на јуни буквално. Во јуни месец и тоа првата половина на јуни имам намера да излезам со конкретните решенија за пpoмени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во СДСМ, коишто ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата. – рече Заев.

Инаку средбите беа искористени да се посочат досегашните придобивки од соработката, како и идните планови и можности за продлабочување на воспоставениот партнерски однос помеѓу нашата земја и компаниите со австриски капитал, коишто работат во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This