МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК РАСТЕ:Јункер во недела во Скопје, Коѕијас се очекува до крајот на месецов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и официјално пристигнува во недела во Скопје.


Според најавената агенда Јункер во недела ќе има прес конференција   за медиумите со премиерот  Зоран Заев. Информацијата ја потврдија и од владата.

Симболично со првиот лет после неколку години откако е сменето името на аеродромот во Скопје се очекува до крајот на месецот да допатува во Македонија и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас – пишуваат грчките медиуми.

Грчката телевизија Алфа пренесува дека Коѕијас треба во Скопје да го донесе и официјалното предлог решение за името.

Од МНР велат дека посетата на шефот на грчката дипломатија се очекува за крајот на февруари или почетокот на март. Засега не откриваат детали околу евентуалните средби на шефовите на дипломатиите на двете држави.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This