April 27, 2024, 11:30 pm

МЕЃУ СУДИИТЕ ВЛАДЕЕ СТРАВ: Судиите се плашат од СДСМ и СЈО да ги вратат пасошите на обвинетите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот е под очигледен притисок на власта. Законите се само мртво слово на хартија и не се применуваат во праска. Судиите се повеќе функционираат по принципот на сугестиии и притисоци од СДСМ

Типичен пример се процесите кои ги води СЈО против поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, а на кои на поголемиот дел им се одземени пасошитево принцип без никаква основа, а само како резултатат на политичка нарачка. Судот не смее да ги врати пасошите, за кои знае деа безоснова се одземени без наредба на СЈО и СДСМ. Се работи за над 70 лица во предметите на СЈО, најголем дел од нив припадници на ВМРО-ДПМНЕ и директен политички противник на СДСМ.

Официјалното образложение е дека може да побегнат од земјата бидејки се соочуваат со високи казни, како и дека со одземени пасоши се гарантира брзо и ефикасно судење.
Реалноста е сосема поинаква. Ако некој одлучи да помогне, воопшто не е важен пасошот. Може да ја помине границата било каде надвор од официјалните гранични премини. Секојдневно многу луѓе кои живеат во пограничните реони со години го прават истото, заради дневни потреби, и никогаш никој ниту е фатен, ниту е казнет. Границата не е, ниту може да биде херметички затворена.

Доколку некој од обвинетите сакаше да бега, ќе избегаше уште пред да се објават и поднесат обвиненијата, сите беа повикувани во СЈО на распити, и јавно се пишуваше и говореше со месеци кој и за што ќе добие обвинение, при што најчесто се спомнуваше дека ќе добие и притвор. Сепак, никој, освен двајца припадници на МВР не ја напуштија земјата. А и тие двајца што избегаа не избегале преку граничните премини. Очигледно е дека никој друг немал и нема намера да бега. Сите до еден редовно и без исклучок се јавуваат на судските рочишта и се однесува согласно законите.

Но, заради нивно малтретирање, изживување, омаловажување и политичка освета, досега никому не се враќаат пасошите, освен во еден случај заради тешко болен во семејството.
Никола Груевски неколку пати го побара пасошот назад, но не го доби ниту барем за едно патување, иако имаше покани и од премиери на други држави, учество на самити на европската народна партија во Брисел, учество како главен говорник на економска конференција, и последното покана на молитвениот појадок во Вашингтон, каде повторно судиите одлучија дека не е важно учеството и на овој настан.

Всушност судиите се свесни дека Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски или било кој друг особено од редот на поранешни високи функционери, ниту ќе бегаат, ниту можат да се скријат некаде. Ако пак навистина сакале да бегаат, тогаш можеле и без пасош. Но, судиите се плашат. Се плашат од политичарите, од владејачката партија, и пред се од Зоран Заев. Се плашат да небидат казнети, се плашат за своите кариери, се плашат и нив да не ги стават на обвинителна клупа, и секогаш со исто образложение одбиваат.

Како што под притисок донесоа незаконска одлука дека незаконски прибавените снимки може да се употребуваат како доказ, како што спротивно на праксата на ЕСЧП во Стразбург, неприфатија во некои од случаите дека еднаш помилуван е секогаш помилуван и никој неможе да го поништи тоа, како што се плашеа да ги отфрлат вештчењата направени од лица кои немаат лиценци за вештаци во време кога ги правеле и предале завршените вештачења, и како што се плашеа да ги отфрлат обвиненијат уште во фаза на оценка, и воопшто да недојде до судења за вакви фабрикувани и политички процеси. Но, тоа што се плашат не ги оправдува. Кога СДСМ ќе замине, некој ги отвори овие работи, и ќе покрене истрага за незаконско работење на секој поединечен судија. Тогаш терминот ,,страв,, и ,,личен комодитет,, нема да им помогнат, а најмалку заштитата од СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This