МИГРАНТИТЕ ЈА ТУЖАТ МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД: Според секретарот на судот ФИРОМ ги прекршила човековите права!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осум од илијадниците бегалци покренале судска постапка против Македонија поради операцијата за одвраќање на нелегалните премини во Македонија и враќање назад на грчка територија, акциски план кој Македонија го спроведе на барање на Европската Унија

granica_napad_policija2

Германската група која се залага за правата на бегалците „Про Асил“ во денес објавија дека им помогнале на бегалците да поднесат тужба до Европскиот суд за човекови права во Франција барајќи оштета од Македонија.

„Тие биле туркани на неформален начин назад во Грција, и дури немале ниту шанса да побараат заштита“ рекол Карл Куп, портпарол на Германската организација за заштита на правата на бегалците „Про Асил“ за Ал Џазеира, нарекувајќи ги мигрантите како „жртви на колективна акција за одвраќање“.

Невладината организација идентификува две ќени и шест мажи со потекло од Сирија, Ирак и Афганистан кои поднеле тужби против Македонија.

„Можно е да добијат финансиска компензација, но главната идеја е да се превенира понатамошно страдање од истиот вид на насилство во иднина“ рекол Куп, додавајќи дека овој процес со сигурност ќе потрае неколку години.

„Употребата на сила против мигрантите кои барале транзит низ ФИРОМ е нарушување на човековите права“ рекол Волфганг Калек, генерален секретар на Европскиот суд за човекови права, во изјава во средата.

Сепак, во ниту една изјава никој досега од ЕУ и се нема заблагодарено на Македонија, или како што тие не нарекуваат ФИРОМ, за заштитата на нивните граници и земји од наездата на мигранти меѓу кои многумина и терористи со борбено искуство и искуство во сечење на глави на живи луѓе во Европа.

Дополнително, Македонија не доби никаква финансиска или било каква помош, а како благодарница денес добива тужба пред Европскиот суд за човекови права за да им плати оштета на нелегалните мигранти, кои предизвикаа неколку милионска штета во Македонија, дополнително и со блокирањето на железницата од Македонија до Солунското пристаниште од која зависи Македонската економија.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This