Мизрахи: Се доведовме до ситуација да пpoсиме за вакцини, а Филипче пред три месеци изјавуваше дека вакцините се обезбедени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи вечерва во „Заспиј ако можеш“, во врска со голготата со вакцините истакна дека буквално просиме кај соседите за вакцините кои министерот за здравство Венко Филипче уште пред 3 месеци рече дека се обезбедени.
-Од Асоцијацијата на млади лекари излезе еден графикот со сите фази на преговори со Фајзер од кој на 04.01.2021 договорот бил дефинитивен, се до 26 февруари последен пат кога се финализираше договорот,а вакцини сеуште нема, вели Мизрахи.
Таа истакна дека не беше ни логично она што го чувме дека не може да набавиме вакцини од останатите производители заради тоа што сме членки на НАТО, па сме мал пазар, па населението ќе мисли дека тестираме, а што е населението во Израел или во Германија кои вакцинираа.
Мизрахи вели дека се доведовме во ситуација буквално да просиме од комшиите да ни дадат вакцини.

Многу е чудно тоа што во одлуката на владината седница стои дека тоа е аванс и сума којашто е издвоена за набавка на вакцини за редовна вакцинација на населението за година 2020, многу е чудна оваа дефиниција, истакна Мизрахи.
Мизрахи посочи дека на 04.12.2020 година министерот Венко Филипче имал изјава дека веќе се обезбедени 800-тини илјади вакцини за 400-тини против КОВИД19, која што вели дека е лажна вест, како што е лажна изјавата на 22.12.2020 година дека е договорена првата количина на вакцини со Бугарија, исто како што била лажна изјавата на Филипче на 30.12.2020 дека вакцините ќе стигнат во месец март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This