МИЗХРАХИ НА ПРВИОТ РАБОТЕН ДЕН КАКО МИНИСТЕРКА: Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот работен ден во Министерството за труд и социјална политика. Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија. На секој човек да му се понуди шанса и надеж дека може и мора подобро. Мораме да бидеме свесни дека станавме општество со нерамномерен развој на нерамноправни поединци. Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Мобингот кој е широко распространет се става под тепих и за жал не е тема за која се зборува. Улогата на жената мора да се почитува. Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита. Доаѓа време на одлуки и промени. Чекор по чекор кон обнова за подобра иднина, напиша на Фејсбук министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=110135350508389&id=105165631005361

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This