Мизpaхи очекува СДСМ да и нацрта карикатуpa со огpoмен нoc – Aнтиceмитизам во Макеоднија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката Рашела Мизрахи реагира на прес конференцијата на СДСМ во која таа е нападната и претставена како зло кое е против европската иднина на Макеоднија.

“Мизрахи ја загрози македонската европерспектива е во превод Евреите се опасност за Европа како изваден цитат од говорите на Гебелс и неговиот фирер Хитлер.

Очекувам во следната ваква изјава на СДС да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и наочари”, пишува Мизрахи како реакција на нападот врз неа од страна на портпаролката на владеачката партија Богданка Кузеска.

Во текот на нацизмот во Германија сите Евреи биле карикатурално претставувани како луѓе со голем нос што носеле наочари со што Мизрахи сака да укаже на опасноста од постоење на Антисемитизам во Македонија.

Во својата порака до напаѓачите Мизрахи вели “Знам дека немате срам но Македонија се срами од вас”.

Мизрахи реагираше на прес конференцијата во која Кузеска изјави:
“Со изборот на Рашела Мизрахи, за член на Извршниот Комитет, се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО ДПМНЕ, истата која како министерка во техничката Влада, ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, за што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата.”

Во пресот на СДСМ е индикативно што од сите дваесетина членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кузеска ја потенцира единствената Еврејка меѓу нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This