Мизpaџи до власта: Има ли пилот во авионот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламентарните избори беа темелени на фактот дека треба да се влезе во ЕУ и дека овие договори ќе помогнат да влеземе во ЕУ, потсети Рашела Мизрахи на ветувањата кои што Заев ги даваше во време на кампања за предвремени парламентарни избори во емисијата „Само интервју“.

Мизрахи додаде дека Заев велеше дека сите мерки кои што се спроведуваат за превенирање на економската криза од КОВИД се добри, но за жал се покажа дека воопшто не се добри.

Во тие избори Заев ветуваше дека здравствената криза е под контрола. Па излезе дека не е под контрола. Предизборната агенда и кампања на Заев не излезе како постизборна кампања. А, не сега ние да зборуваме за една предизборна кампања, а потоа да излегува дека истата не важи, дека тоа е само празна реторика на политиката, сега тие се на власт и сега можат да си тераат како сакаат. Се ветуваше премногу, граѓаните посегнаа по тоа што е ветувано и сега одеднаш излегува дека нема ништо – рече Мизрахи.
Мизрахи посочи дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика да се формира преодна влада, таа влада би знаела како да се справи со кризи.

Во овој момент граѓаните на Република Македонија се чувствуваат како да нема пилот во авион, и се додека граѓаните така се чуствуваат и се наоѓаат во тој авион треба да бараат да се постави пилот во самиот авион за да се чуствуваат безбедно. Е за да се чуvствуваат безбедно под итно треба да се формира експертска влада која што ќе знае како да се справи со ситуацијата за да се нема непријатности – порача таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This