МИЛЕВСКИ: Македонските фудбалери се повеќе од херои, тие се феноменални

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски по победата над Шкотска (2:0) и обезбедениот пласман на Европското првенство, рече дека ова не е последниот збор на оваа генерација фудбалери

blagoja-milevski

-Овие играчи се повеќе од херои. Тие се феноменални. Не размислував што се случува вечерва едноставно посакував поради овие момчиња да ја совладаме Шкотска и да одиме понатаму. Овие момчиња го заслужија тоа. Зад себе оставија селекции како Франција, Исланд, Украина… И на Европското првенство ќе одиме на победа на секој натпревар. Нашата сила е сплотеноста, борбеноста, храброста. Се додека јас сум селектор тоа така ќе биде, изјави Милевски.

Македонската репрезентација до 21 година со шест победи, три нерешени средби и само еден пораз во групата со Франција, Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска го освои првото место и се пласира на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Полска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This