МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ СЕ ОФАЈДИЛ СО 77000 ЕВРА ОД ГРАД СКОПЈЕ: Водовод потрошиле 555,000 евра за адвокатски услуги!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако директор на скопското јавно претпријатие Водовод и канализација станува Душко Весковски, јавното претпријатие под капата на Град Скопје во изминатава 2018 година потрошило 555.000 евра за адвокатски услуги, а еден од 17-те ангажирани адвокати бил организацискиот секретар на СДСМ и советник на премиерот Зоран Заев, Миле Зечевиќ, кој инкаCирал 77.000 евра, објави Истражувачката репортерска лабоPаторија.

Што се однесува до претходниот период, кога јавното претпријатие и локалната самоуправа беше под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, најмногу пари од јавното водоводно претпријатие добиле адвокатите Марко Димов и Никола Дододовски, кој, пак, во истиот период инкасирал значителни средства за адвокатски услуги од државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.

Како што објави А1 он, пак, со смената на власта на листата на адвокати на скопското јавно претпријатија влегле адвокатското друштво Де леге, чиј косопственик е пратеничката од СДСМ Снежана Калеска – Ванчева, поранешната министерка за правда од редовите на СДСМ Мери Младеновска, адвокатското друштво Ристовски-Вујиќ поврзано со актуелниот заменик министер за правда Оливер Ристовски, како и Стевица Јосифовски, кој неодамна беше избран за член на Агенцијата за електронска комуникации.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This