Милионски хонорари земалe и останатите вработени во СЈО: Ќерката на Рахиќ зела 20, а на Василевски 14 илјади евра „хонорар“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Посебна анкетна комисија, но и Јавното обвинителство ќе чешлаат кога и како биле потрошени десетици милиони евра за бонуси во Специјалното јавно обвинителство. Реакциите за исплатените додатоци не стивнуваат откако на владината алатка „Отворени финансии“ беше објавена и висината на бонусите кои ги земале обвинителите од СЈО. Во јавноста излезе информација дека Катица Јанева земала 157.000 евра додаток на својата плата. Само оваа година, си доделувала по 250.000 денари плус месечно.


Владината алатка го откри криминалното работење во обвинителството на Катица, но од тоа што таму може да се види не само обвинителите земали милионски хонорари туку и останатите вработени. Инфомакс дознава дека во СЈО, надвор од редовната плата, биле исплатени хонорари од 20,000 евра за ќерката на Есад Рахиќ директорот на КПУ Шутка (Берниса), а 14,000 евра биле исплатени на ќерката на Сашо Василевски (Марија), поранешен директор на МЕПСО

ВМРО-ДПМНЕ уште пред 3 месеци побара формирање Анкетна комисија во Собранието за евентуалнотот утврдување на нестручно и незаконито работење на СЈО и доскорешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

– Во името на граѓаните кои досега одвоиле 15 милиони евра сакаме да провериме на кој начин се трошеле нивните пари и на кој начин се постапувало во законските постапки, деловодници, законитост на постапки при вработување, можни конфликти интереси при вработување и непотизам, и сомнителни хонорари – рече пратеникот Антонио Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This