МИЛОСАВЉЕВ ВО ШOK: Не можам да поверувам дека сме шампиони. Ја гледам мојата идна сопруга, СО која ќе ја оженам за десет дена, на трибините и не верувам дека сме европски шампиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дејан Милосављев избра најдобар можен начин да се збогува со дресот на Вардар и со две величенствени партии во дресот со црвено-црна боја ја освои европската титула. Младиот голман кој потекнува од школата на Југович од Кач, а во Вардар дојде од Партизан беше емотивен при изјавата за српските медиуми.

Голманот беше во неверица по победата и во микс зоната емоциите го надвладеаја.

„Не можам да поверувам дека сме шампиони. Ја гледам мојата идна сопруга, девојката која ќе ја оженам за десет дена на трибините и не верувам дека сме европски шампиони. Како е можно ова да се случува? До вчера ги гледав овие момци од трибините, а сега сум тука и сум европски првак со нив. Сакам да му се заблагодарам на нашиот тренер на голмани, Дејан Периќ, кој од првиот момент веруваше во мене.

Тој, Едуард Кокшаров и Сергеј Самсоненко се најзаслужни што дојдов во Вардар и им благодарам што ме прифатија на најдобар можен начин. Мислам дека на најубав начин се простив од Скопје и Македонија. Потпишав многу порано во Германија, отколку што објавија медиумите, но секогаш играв докрај и до последната капка пот гинев за Вардар“, рече за „Balkan-handball“, младиот чувар на мрежата.

Од следната сезона Милосављев ќе го носи дресот на Фуксе Берлин, клуб во кој настапува Мијајло Марсениќ, уште еден вардарец – шампион на Европа.

Igor Karačič i Dejan Milosavljev emotivni u miks zoni

Posted by Balkan-Handball.com on Sunday, June 2, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This