Милошевски: Ќе ја стиснеа Бугарија ако сакаа ние да влеземе во Европска унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милош Милошевски, новинар и аналитичар во Инфомакс, во гостувањето во емисијата „Јади бурек“ ја коментираше евроинтеграцијата на Македонија, која никако да дојде до завршна фаза. Милошевски потсети на изјавата на др. Несторович, кој Западен Балкан и земјите од Европа ги спореди со пар во долготрајна врска, мали се шансите дека ќе се земат, ама тераат по некоја инерција, тоа е тоа, нема да има ништо повеќе во моментов.

„Ќе ја стиснеа Бугарија ако сакаа да влеземе во Европска Унија. Можеа да ја стиснат. Можеа и нас да не стиснат и да се откаже се. Заев пред да си оди да потпише сѐ во Бугарија. Најверојатно во моментот не сакаат дополнителен товар околу својот врат. дда бидеме доволно блиску до нив за да не фатиме некој друг пат на исток, Кина, преку кој ќе обезбедиме еконмска независност, енергетска стабилност..“, коментира Милошевски.

Милошевски додаде дека веројатно оваа територија им треба и за вршење на црни работи, кои не можат да ги прават во Европската унија. Тој потсети на автобуската несреќа во Бугарија, и отсуството на соодветна документација на агенцијата за такви туристички тури, но и ниската цена на ангажманот поради кои агенцијата всушност и не остварува економска добивка, што, според него, асоцира дека се работи за шверц или друга нелегална дејност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This