Милошоски ги разобличи причините за шверцерското носење на Законот за ГАМА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во реплика пратеникот Антонио Милошоски ги разобличи причините поради кои Власта жестоко се бори за овој договор од само лукративни причини и личен интерес на фамилијата Заеви:

„Дали ви е сега јасно, зошто во Бугарија има вакцини, зошто во Србија има вакцини, зошто во Грција има вакцини, зошто во сите други земји во околината освен Косово има вакцини, а во Македонија нема вакцини против Ковид 19.

Затоа што цела 2019 година Зоран Заев нема писмо напишано  до Фајзер, или до Модерна, или до било која друга фармацевтска индустрија. Има напишано 8 писма до државното правобранителство. Заев не му е грижа за вакцините, за ковид и за граѓаните туку за 33 милиони евра, кој ќе ги добие, кој ќе ги дели и која телевизија ќе биде режимска .

Не му е гајле за тутунарите, не му гајле ниту за оризарите, ниту за учениците ни наставниците, дали има или нема тоалети во  битолската болница каде луѓето одат со чадори во тоалети болни од ковид.

Заев 2019-та година ја потрошил за да добие 33 милиони евра зделка која што треба да ја делат  со Макпетрол и Телма.

И сега знаејќи дека таа зделка е незаконска, нелегитимна не му ја признава државниот правобранител ќе треба да му ја признаат пратениците  од СДСМ и да му ја изгласаат. Но, истата порано или покасно  ќе падне на еден или на друг суд, бидејќи е штетна според дописите на државното правобранителство, штетна на имотните интереси на Република Македонија, а со самото тоа и е штетна и за граѓаните во Република Македонија

Затоа би сакал да укажам дека ваквиот преседан не само што е правно неоснован,  етички е штетен, значи е неморален договор кој граѓаните ги доведува во потчинета положба.

Овие 33 милиони евра, можеа да бидат уште 33 амандмани, да се направи нешто повеќе за Битола, да се направи нешто повеќе за Берово, да се направи нешто за Куманово, да се направи нешто повеќе за Липково, да се направи нешто за Гостивар, да се направи нешто повеќе за Велес. да се направи нешто повеќе за загадувањето во Скопје.

Ова се 33 милиони евра пари на даночните обврзници, пари на угостителите, пари на туристичките работници, пари на оние кои што работат во самопослуга, и на каса, по шест дена во неделата, по 7 дена во неделата и сега ги добива Макпетрол и Телма.

Зошто? Затоа што ќе земе нешто пола Вице пола Заев и ќе се договорат нешто за кампањата за следните избори.

Тие кои што потпишуваат штетни договори имаат интерес од тие договори. Би сакал уште еднаш да му се заблагодарам на државниот правобранител  и неговиот тим кои што ги доставија вака важни документи на јавноста и покрај притисоците кои што ќе следат во една следна судска постапка“ – вели во репликата Антонио Милошовски која ја снимил и ја објавил на својот Фејсбук профил.

Зошто на Заев му бил поважен договорот со Макпетрол-Телма за 33,5 милиони евра, а не вакцините за граѓаните?!

Posted by Antonio Miloshoski on Friday, December 25, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This