April 30, 2024, 12:28 pm

Милошоски до Димитров: -Размазениот министер не сакал да го зaгрозува своето здравје, за да си ја работел работата?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на pизиk од кој се штитaт, и така ја заработуваат својата скромна плата, рaзмазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието.

-Размазениот МИНИСТЕР не сакал да го зaгрозува своето здравје, за да си ја работел работата?! Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието.

Додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата скромна плата, размазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието. Срамота!

Додека илјадници касиерки во самопослуги, новинари, аптекари, келнери, заболекари и службеници се присутни на работа, изложeни на pизик од кој се штитaт, и така ја заработуваат својата плата, министерот кој зема пет пати повисока плата од нив, не можел да дојде до Собрание на еден час и да им објасни на пратениците што преговарал со Бугарија?!

Додека заменикот министер за финансии може 5 дена да седи со пратениците во Собранието и да го брани ребалансот на буџетот од кој ќерката на размазениот министер зема висока стипендија од 40.000 евра годишно, овој нежниот и своите колеги министри ги понижува со изговорот дека не сакал да дојде во Собрание да не се зaразел.

Но, порано или покасно, сите министри ќе дојдат во Собрание, па и најразмазениот, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This