МИЛОШОСКИ ДО ЗЕКИРИ: Граѓаните се поумни од политичарите, на 21 април ќе ја донесат вистинската одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување во МРТ во емисијата ,,И што ако’’, Антонио Милошоски изрази сомнеж во демократскиот капацитет на СДСМ, со оглед на начинот на кој што СДСМ го одбра својот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. Милошоски говореше и за флоскулите на власта дека 33 политички партии дале поддршка за Стево Пендаровски, додавајќи дека гласачите можат да бидат и поумни од 33 политичари. Граѓаните се поумни од политичарите, вели тој.

-Она што ја прави разликата помеѓу конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е тоа што кај ВМРО-ДПМНЕ имаше 9 кандидати, имаше различни табори, различни лобирања кој треба да биде кандидат за претседател на државата, додека кај СДСМ гледаме дека имаше само еден кандидат. Односно имаше и некои поднесени кандидатури, го познавам и лично амбасадорот Ѓорѓи Филипов, но на крајот не видовме некој да гласа за него да се изјасни, да му ја одбие или прифати кандидатурата. Што говори и за разликата во демократскиот капацитет во двете партии, вели Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This