Милошоски објаснува зошто нема да се реши ckaндалот со копањето на милионски суми на биткоини во ГТЦ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антониот Милошски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ објаснува во статус на Фејсбук зошто нема да се реши скандалот со копањето на милионски суми на биткоини во ГТЦ.

Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ, после скандалот со копањето на милионски суми на биткоини на државен трошок и богатење преку трошење државна струја, писмено бара од директорот Ѓоко Таневски да пријави кражба на електрична енергија!

Иницијативата е за поздравување, но веројатно ќе биде осудена на неуспех, затоа што:

– Елвис Бајрам е советник од листата на СДСМ во општина Шуто Оризари

– Габриел Бајрам е советник од листата на СДСМ во Град Скопје

– Елвис и Габриел не создале сами крими магацин за крипто-валути во ГТЦ, и
струјата на сметка на државата не можеле да ја обезбедат без знаење на директорот Ѓоко Таневски и

– Обвинителството и МВР нема да се осмелат да поведат истрага за злоупотреба на функциите во ГТЦ бидејќи во овој скандал може да настрада и претседателката на бордот на директори Трајанка Тасевска, сопруга на директорот на БЈБ во МВР, која на оваа функција е предложена од владата.

Накратко, лесната заработка на големи пари преку биткоини на државна струја се делела на најмалку 4 дела, меѓу гореспоменатите актери, пишува Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This