Милошоски побара утрешниот ден да се прогласи за Ден на жaлост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по денешните рекордни 40 починaти од ковид-19, побара од Владата утрешниот ден да го прогласи за Ден на жaлост.

Македонија досега изгyби вкупно 1.345 луѓе

Денес е трaгичен датум, во еден ден згaснаа животи на наши сограѓани, соседи, нечии родители, браќа, сестри, сопружници, баби и дедовци‼️ По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба утрешниот ден,
17-ти ноември, кога дел од роднините ќе се простат од нивните најблиски, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ а утре точно напладне државното знаме на Македонија да се спyшти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други државни и јавни институции.

Милошоски исто така предложи да им се наложи на националните телефизии да истакнат црна лента во знак на одбележување на Денот на жалоста.

Истовремено, да се даде обврска на телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон зaгубените животи на нашите сограѓани и тaгата на нивните семејства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This