МИЛОШОСКИ ЌЕ МУ ГО ЗАГOPЧИ ЖИВОТОТ НА ЗАЕВ: Најавува дека допрва ќе има бomби кои ќе го бoлaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чувствувам сосема пријатно во оваа ситуација ова дури ме прави уште помотивиран, беше првиот коментар на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по објавувањето на новите „бомби“ од страна на СДСМ. Тој истакнува дека ова што денес беше објавено е кривично дело бидејќи оној кој ги поседувал истите и сметал дека се од поширок јавен интерес било чувано со години, што самото по себе претставува кривично дело и прекршување на законите. Според Милошоски очигледно е дека она кое што го објавува Зоран Заев е реакција на претходно објавените разговори во кои се слуша за неговиот криминал и притоа истакна дека допрва ќе бидат објавувани материјали кои ќе го здоболат.

-По однос на самите разговори доколку некое лице ги поседувало, а мислам дека ги поседувало лицето З.З уште од 2011 година или можеби во посед ги добило во 2015 година, а не ги објавило досега јавно сметајќи дека има јавен интерес, тоа е кривично дело бидејќи не објавил навремено нешто што сметал дека е од повисок јавен интерес. Самото криење на тие материјали е кривично дело. Второ, на прањаше лицето З.З. тврдеше дека сите материјали снимки ги предал во СЈО и дека не поседува никакви копии од тие снимки од УБК во период од 2008 до 2015 година што со овие објавени снимки се покажува дека не е точно. Тоа значи дека или господинот Јовевски лиферува дел од тие материјали кои што ги поседува или некој друг има дополнителни копии од овие материјали и ги лиферува според политичките нарачки. Моето мислење е дека лицето З.З се најде прилично погодено и засегнато од материјалите кои што јас ги објавив кои ми беа доставени од укажувач. Не сум ги задржал ниту еден ден подолго откако сум ги добил, тоа е одговорно однесување кога станува збор за материјали од висок јавен интерес и мислам дека со овие објави господинот З.З. потврди дека тие материли го здоболеле. Мојата порака до него вечерва е дека допрва ќе има што да го боли, вели Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This