April 26, 2024, 11:14 pm

Милошоски: Ha Тeтoвo и нa Македонија вчepa вeчep им ce cлyчи пeкoлнa тpaгeдиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Тетово и на Македонија вчера вечер им се случи пеколна трагедија, со многу човечки жртви чии животи згаснаа на ужасен начин, и нашето длабоко сочувство е премалку за утеха.

Трагичен датум

По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба денешниот ден, 9 септември, кога роднините, цело Тетово и Македонија се во тага, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ

– точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други институции.

– да се откажат сите спортски, културни и другите политички настани или промоции кои биле закажани.

Телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон загубените животи на нашите сограѓани и тагата на нивните семејства – стои во објавата на Милошоски

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This