Милошocки: Пола мaндат на Димитров му помина во лajкови за добиениот лaжeн датум, а другата половина во плaчeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали интерпелацијата за Димитров е закана? Пола мандат на Димитров му помина во лајкови за добиениот лажен датум и стипендијата, а другата половина во плачење за тоа кои други актери се криви за неговите неуспеси, истакна Антонијо Милошоски.

Во продолжение сследува неговиот ФБ статус:

-Министерот што во 2018 година ја манипулираше јавноста дека ги решил сите спорови со соседите на “Нашата Земја” и затоа добиваме безусловен датум за ЕУ, денес плаче што условувањето на Македонија И донесе неколку вета, и многу понижувања. За ваквиот дебакл на надворешната политика не е крива градоначалничката на Арачиново Милкие Халими, туку вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров. Дополнително, министерот кој пола година бега од Собранието сега тврди дека најавата за негова интерпелација била закана за него и за државата?! Боже, Петра, каков плачко! Прво, старомоден его-трип денес е било кој министер да се поистоветува со државата, па макар тоа бил и во 2018та избраниот маж-со-стил на годината на гала вечерата во “Тренд Бар”. Второ, интерпелацијата не е закана, туку демократска контролна алатка за секој владин функционер, утврдена во членот 45 од Деловникот на Собранието, од кое размазениот Димитров бега со месеци. Решение за избегнување на интерпелацијата е поднесувањето оставка, нешто што веќе и блискиот соработник на Заев од Битола, Кирацовски, јавно го побара од Димитров. Но, без разлика на внатревладините интриги околу тоа дали Заев, Димитров или Османи е поодговорен за дипломатскиот дебакл со лажниот датум и понижувачкото вето, размазениот министер сепак треба да го надмине стравот и да се појави пред пратениците за експликација на неуспехот!

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3916963594989744

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This