- Advertisement -
Режисерот Владимир Милчин го повика премиерот Зоран Заев да почне од себе со проверката на потеклото на имотот, која претседателот на Владата ја побара од Антикорупциска комисија за судиите, и тоа веднаш.
„А да ги повика своите министри, заменици, државни секретари и слично, па своите пратеници? Да почне од себе, на пример?“, порача поранешниот член на претседателството на СДСМ на Заев и бивш извршен директор на Институтот „Отворено општество Македонија“.