МИНИСТЕРКАТА ИМА ПРОБЛЕМ СО МАТЕМАТИКАТА?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју за Алсат нагласува дека со или без ВМРО ДПМНЕ Предлог законот за јавното обвинителство ќе биде донесен.

Прашана дали во име на датумот за преговори со ЕУ, ќе ги прифатат барањата на опозицијата за укинување на обвиненијата на СЈО, Дескоска додаде дека тоа ќе ги пречекори црвените линии и Законот нема да има никаква тежина.

Таа, исто така, зборуваше за преговорите со осумте независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои очекува да дејствуваат како со уставните промени, без условувања. Во врска со најавената метла од премиерот Заев, Дескоска вели дека дури и ако таа биде сменета, ќе ја смета како завршена својата мисија во Министерството за правда.

Од каде и е оваа математика на министерката Дескоска, засега останува нејасно, бидејќи 8-те пратеници кои гласаа за Уставните измени, според информации на Вечер.мк јасно порачале дека за сите други системски закони кои треба да се усвојат – ќе гласаат само кога ќе се договорат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, односно кога ќе биде постигнат политички консензус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This