April 27, 2024, 11:20 am

МИНИСТЕРОТ ОД СДСМ САКАЛ ДА ТЕПА СЛУЧАЕН МИНУВАЧ: Го видов Николовски со претседателот на ДИК, ги поздравив и почнаа да ме бркаат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски попладнево во Скопје е забележан на средба со Љупчо Николовски, дополнителен заменски министер за земјоделие од СДСМ и со Игор Милев, член на ДИК од СДСМ
cicakovski1

Според облеката на Николовски средбата се случила непосредно по денешната изјава која дополнителниот министер ја имаше со неговиот партиски колега Дамјан Манчевски.
nikolovskinaplusinfo

Дали на средбата меѓу Чичаковски и Николовски се зборувало за тоа како е можно после сите измислици на СДСМ списокот на гласачи да е речиси идентичен како тој во 2014 година, или тројцата сосема случајно се нашле на иста маса, во моментов е непознато. Но она што е познато е дека сите заедно видно се изнервирале кога забележале дека се фатени на дело од фотографот кој ги фатил на неформалната средба.

Во еден момент, кога забележале дека ги фотографираат, сите заедно станале и сакал да го нападнат човекот што ги фотографирал.

Poraka_decko_Fotografii

Агресивоста кај членовите и функционерите на СДСМ не е невообичаена. Имено во текот на цела година, речиси и да немаше ден без инцидент предизвикан од некој од функционерите на СДСМ, меѓу кои и нападот на таткото кој се брзаше да го однесе неговото дете на лекар на клиника.

Тепањето на случајни минувачи од страна на фунцкионери на СДСМ како „близнаците од Ѓорче“, тепањето на минувач крај порта Македонија и редица други.

Самиот Чичаковски, кој на фотографиите делува дека не е премногу воодушеден што некој го фотографира во друштво на Николовски и Милев, за себе тврдеше дека е „независен експерт“, а не партиска инсталација на СДСМ во ДИК, иако дел од медиумите објавија фотографии на кои се гледа Чичаковски во младоста во првите редови на митинг на Бранко Црвенковски

cicakovski-sdsm-miting

ДИК пред неколку дена го усвои конечниот Извештај за спорните гласачи после чие отстранување од списокот, споредено со списокот во 2014, бројот на „неспорни“ гласачи кои ќе имаат право на глас во декември годинава е речиси идентичен.

cicakovski2

Најголемиот број од отстранетите 30-тина илјади гласачи се од албанска националност. СДСМ од друга страна тврдеше дека на списокот има 500.000 фантомски гласачи, како обид за поткрепа на нивната теза од изборите во 2014 година. Тогаш СДСМ тврдеше дека победата на парламентарните избори им била украдена и дека разликата од 200.000 гласа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не била вистинита, поради што не учествуваше во работата на парламентот 15 месеци.

qwe

Но, на сите вакви лаги кратки им се роковите на траење, па дури и ДИК предводен од „независниот експерт“ Чичаковски мораше да верификува дека сите небулози на СДСМ биле смислени само за да се бега од избори. Можеби на денешната средба членовите на СДСМ и Чичаковски зборувале токму за незадоволството од конечната официјализирана математика, во очи на изборите на кои, барем според анкетите, на СДСМ не им се пишува добро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This