Министepoт Димитpoв повтopно во улога на опозиционep: Го обjaви името на пoчинaтиoт овчap, вели ова е силен вpecок за пpoмени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров го објави името на починатиот овчар од кратовско.

„Смртта на Златко Божинов, овчарот од кратовско не смее да помине без конкретна одговорност, ама не смее да помине и без сериозни системски промени за никогаш да не се повтори ваква трагедија. Го објавувам името оти мислам дека овој човек и неговото име треба да одекне како силен вресок за промени“, стои во објавата на Димитров.

Според него, тука се потребни итни чекори – да се создаде еден центар што ќе раководи со делегирање на надлежност при вакви ситуации.

„Наместо пет различни броеви граѓаните во мака ќе вртат еден, па таму ќе се одговорни да најдат кој е одговорен. А повиците да се снимаат. Оваа работа мора да се истурка до крај и јас лично ќе вршам притисок се’ додека не се заврши работата. За одговорност. За систем. Што поголем е притисокот толку поскоро ќе има резултати. Ќе си речете ова не е моја работа – ама пораката што ја пратив дека не смее да има ненадлежни сакам да ја покажам токму преку овој пример. Длабоко сочувство до семејството. Нека му е светол патот“, напиша Димитров на Фејсбук.

Во болницата во Штип изутринава почина 63-годишниот жител на кратовското село Емирица, кој пет часа бил носен на раце низ тешко прооден планински терен за да се спаси неговиот живот. Овчарот кој беше пронајден во тешка здравствена состојба, откако 12 часа лежел на снег во близина на домот, имал мозочно крварење и изминативе денови бил во кома.

Д-р Павле Зафиров, кој ја предводел спасувачката мисија на Фејсбук објави дека помош за транспортот барале од институциите, но не ја добиле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This