Миниcтepoт Милевски пpeдлoжeн кaкo кaндидaт зa гpaдoнaчaлник нa Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната седница на општинскиот одбор на ЛДП-Битола, членовите на партијата акламативно го предложија претседателот Горан Милевски да биде кандидат на Движењето „Одлучно за промени“ за градоначалник на Битола.

Општинскиот одбор очекува Горан Милевски да ја прифати кандидатурата, која е барање не само на членовите, туку и на граѓани и на бројни поддржувачи на актуелната власт кои сакаат во оваа трка за градоначалник да се вклучи и тој, велат од партијата.

На седницата усвоена беше и листата на советници на Движењето „Одлучно за промени“ , која на овие избори ќе ја предводи Валентин Груевски, досегашен претседател на Советот на Општина Битола.

На листата се наоѓаат истакнати членови на ЛДП и ДОМ, како и бројни јавни личности од граѓанскиот сектор, културата, спортот. Листата ќе го отсликува и мултиетничкиот карактер на Битола, стои во соопштението на ЛДП Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This