МИНОВСКИ: Со мерката „Поврат на ДДВ“, власта прави комплekсна операција- мaл е износот на средства што ќе се вpaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кирил Миновски, поранешен министер за финасии од владата на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Отворено на Алфа“ зборуваше за мерката „Поврат на ДДВ“ пришто кажа дека тој секогаш ја следел филозофијата на ниски даноци.

-Наместо да се прави една комплексна операција во којашто се непознати целите на оваа мерка, мал е износот на средстава којшто ќе се врати. Оние семејства коишто имаат просечни примања јас сум секогаш приврзаник на политика на ниски даноци од причина што на тој начин мислам дека ќе се обезбеди алиментиpaњето на институциите на државата од една страна, а од друга страна ќе им се даде можност на граѓаните и на компаниите сами да распологаат со сопствените средства наместо да проаѓаат низ едни комплekсни процедури на обезбедyвaњe на поврат на средства така да мојот став априори се разликува од оние деклалирани цели на поврат на ДДВ, истакна Миновски.

Тој во своето гостување за оваа мерка посочи дека има неколку аспекти кои се поврзани со институцијата во врска со нејзиното спроведувањето.

-Неопходно е пред да се започне со имплементацијата на една мерка да се оценат кои се техничките и кадровските капацитети во Управата за јавни приходи. Во овој временски период за имплементирање на оваа мерка, колкав е ангажманот на луѓе и ресурси неопходни да се организира повратот и на кој начин таквиот ангажамн ќе влијае врз вкупната ефикасност на УЈП од причини што изведувањето на една ваква активност подразбира ангажман на многу ресурси во УЈП, па врз основа на сите овие параметри да се донесе одлука кога е најдобро да се отпочне со имплемнтација на повраток на ДДВ, додаде Миновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This