МИСИИ ВО АВГАНИСТАН КАКО НАГРАДА ЗА ПОСЛУШНИЦИ: Како Радмила Шекеринска правела списоци на заслужни за мисии во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражувањето во врска со информациите дека при правењето на списоци на припадници на АРМ кои се испраќаат на мисија во Авганистан, министерката за одбрана Радмила Шекеринска била директно инволвирана во распределбата на војници кои ваквиот ангажман го добивале како награда за добро завршена работа – партиска или на барање на министерката, сеедно

Непочитувањето на процедурите и кршењето на принципите лесно може да се утрдат на примерите на следниве лица: На само еден ден пред испраќањето во мисија, односно два дена после откривањето во јавноста на скандалот со изборот на персонал, од списокот е симнат постариот водник Дејан Ѓошевски и на негово место истиот ден е уфрлен постариот водник Горанчо Стамболџиев. Истиот ден, од списокот за мисија поради немање на безбедносни сертификати се тргнати и професионалните војници Апостоловски Антонио и Анѓелковски Денис и на нивно место нема да замине никој, односно внимавајте – контингентот ќе биде со намалена бројна состојба!

Скандалот продолжува со капетанот Филип Пејовски кој не е овластено службено лице на службата за безбедност и разузнавање, а е испратен во мисија токму на формациско место за разузнавање и безбедност. Понатаму, потполковникот Ненад Вељковиќ кој штотуку се врати од мисија од Авганистан, повторно е испратен на печалба по втор пат. Ова е прв ваков пример во две години офицер да биде испратен двапати на мисија.

Како најстар национален претставник во мисијата е испратен полковникот Заим Шкриељ, кој исто така ги немал поминато сите процедури, односно воопшто не бил кандидат и е уфрлен отпосле од страна на Шекеринска. Име коешто исто така предизвикува внимание е името на Леонардо Славески, кој е брат на актуелниот директор на ДБКИ, Стојан Славески, кој важи за „човек на Шекеринска“, и зад чие име се врзуваат многу скандали во неговото директорување.

Ваквиот однос кон професионалците кои отпаднаа од списокот за мисија и на нивно место биле влезени партиски војници е најдобар доказ за односот на Радмила кон системот на одбрана, односно кон принципите и процедурите на кои само декларативно се повикува.

Останува нејасно зошто за овој скандал генералштабот и командантите на единиците на АРМ молчат и дали тие стојат позади овие предлози и силување на процедурите, односно по кои критериуми поединци биле ставени на списокот и по кои критериуми биле исфрлени од истиот и дали по истите критериуми дополнително се уфрлени други лица?

Исто така, останува неодговорено прашањето дали некој од одговорните лица имал и финансиски или друг вид на бенефит во овој скандал.

 

А.Митовски

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This