МИТКО „КОЖУВЧАНКА“ БЕГА ОД НЕЗГОДНИ ПРАШАЊА: Погледнете од кои прашања на „Инфомакс“ избега бизнис партнерот на Вицето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за 24 вести јавно призна дека му помогнал и му помага на Заев да ги спроведе уставните измени ние се обидовме уште еднаш да стапиме во контакт со него и да му поставиме неколку прашања. Јанчев се одлучи да го избегне одговорот на овие незгодни прашања и дрско му одговори на пораките на нашиот уредник.

На прашањата:
-Дали вие поддржувате промена на Уставното име на Република Македонија?

-Каква е вашата бизнис релација со г-дин Вице Заев?

-Дали и Панчо Минов е дел од вашата група?

-Со кои бугарски бизнисмени сте коинвеститори во градежниот бизнис?

Митко Јанчев одговори:
-Прашајте те го Мицкоски поеше знае за сите нас.

На ваквиот краток и дрзок одговор му посочивме дека веќе го имаме ставот на Мицкоски и поради објективност ни е потребен и неговиот по што тој одговори:
-Ете гледате вече знаете, срамота, напиша Јанчев.

Во народот е добро познато дека молкот значи потврда, а многу веројатно е дека молкот на Јанчев е многу позначаен од исцрпниот политички одговор (лага) кој што можеби ќе го добиевме. Факт е дека уште од првиот ден по неуспешниот референдум за промена на името, Јанчев му помага на Заев да собере пратеници за Северна. Неговата поддршка за уставните измени е јасна како ден откако гласаше на 30-ти, а се повеќе и повеќе во јавноста се говори за неговите бизнис релации со кланот Заеви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This