(Видео) МИТОВСКИ МУ ПОРАЧА НА ЗАЕВ: Може да не ти се допаѓа ајварот „Мамас“, уредничката политика не cмee да ја коментираш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После таа пресконференција веќе имам сериозен пад во IQ-то истакна уредникот на Инфомакс, Александар Митовски коментирајќи го денешниот скандалозен прес на Зоран Заев во живо во вестите на Алфа. Пресот беше скандалозен имајќи во предвид дека екипата на Инфомакс беше вербално и физички нападната на Бихачка, телевизија Алфа беше вербално нападната на пресот, а Заев одби уште едно соочување со Христијан Мицкоски на телевизија Алфа.

-Тоа што него не му се допаѓа уредувачкјата политика на Алфа или Инфомакс си е негов проблем. Него може да му се допаѓа работата на неговата партија или неговите фирми. Може да не му се допаѓа ајварот мамас и да им каже таму меѓутоа упад во уредувачка политика на медиум е апсолутно недозволиво. Тоа е надвор од сите европски стандарди за демократија. Видете таква изјава во нормална држава значи итна и неотповиклива оставка од лидерот на таа политичка опција.

Митовски истакна дека во текот на денешниот ден тој бил контактиран од низа на европските претставници, членови на Европската комисија и странски медиуми во врска со осудителната пресуда и затворската казна од 6 месеци која во текот на вчерашниот ден му беше пресудена на уредникот на Инфомакс. Ова што се случува во Република Македонија е навистина страшно, ова веќе не е хибриден режим ова е режим, ова е диктатура, ова е инквизиција, вели Митовски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This