Митровски: Црвен картон за Катица, време и е за пензија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По дозвола на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бизнисменот Орце Камчев, да го шета светот, иако е осомничен во случајот „Империја“, не запираат реакциите во јавноста. Камчев беше забележан на европското првенство во ракомет, во Келн, Германија, по што Јанева откри дека му дала позитивно мислење за да добие времен пасош во рок од шест месеци.

Адвокатот Јанаки Митровски вели дека ова е црвен картон за СЈО.

-Глупостивe со давање пасош за едукација се трет голем кикс на СЈО. Задача на првиот човек на СЈО беше да тронка политичко влијаие не се дозволи. Со бејзбол речник three strikes and your out. Време е за рана пензија за Катица Јанева, или истата да се врати во ОЈО Гевгелија од каде што и дојде. А доколку нејзиниот наследник смета дека треба и тој/таа повторно да дозволува очигледно надворешно влијание тогаш се поставува прашањето која е потребата од постоење на специјално обвинителство кога тоа се однесува како редовното. Црвен картон за Катица!, вели Митровски.

На Камчев патната исправа му беше одземена како мерка на претпазливост во случајот „Империја“, но сега Јанева му дозволи да добие времен пасош, како што рече, за службени патувања и едукација, иако бизнисменот има и бугарско државјанство.

Праксата покажува дека вакви времени пасоши биле давани за лекување во странство на осомничени или обвинети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This