МИТРОПОЛИТ АГАТАНГЕЛ: Посетата од министерката Рашела Мизрахи, за нас е надеж дека дечињата со цеpeбрална парализа ќе ја добијат потребната нега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рашела Мизрахи, технички заменик министep, на Божик беше со Здружението на лица со церебрална парализа од Велес во организација на Повардарската епархија. Таа на својот фејсбук профил напиша:

 

 

 

 

На овој голем ден кога православните верници го празнуваат Божиќ, имав чест да бидам дел од божиќната трпеза во организација на Повардарската епархија и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

Заслужуваат поголемо внимание од општеството. Тоа се луѓе херои, вистински херои…нивната среќа е најдрагоценото нешто што може да израдува.

Среќен Божиќ!

Од ваквата постапка пофални зборови искажа Митрополит Агатангел кој истакна дека ова е прв пат во неговиот живот министер за труд и социјална политика да посети деца со церебрална парализа за Божик.

 

Христос се роди, навистина се роди. За прв пат еден министер за труд и социјална политика да ве посети вас родители и да ги посети дечињата и да поразговара со вас како и да и пренесете вашите маки и страдања, вашата болка која тлее во вашите срца за да може да ја добиете онаа помош која ја барате од министерството за труд и социјална политика, со овие зборови митрополитот господин Агатангел денеска се обрати пред Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. Јас сум многу радосен што еве техничката влада со смена на неколку министерства од партијата ВМРО-ДПМНЕ и новата министерка за труд и социјала е тука меѓу нас со надеж дека сите ваши барања и желби бидат исполнети и со надеж дека дечињата ќе ја добијат потребната нега која ја заслужувате вие родителите и дечињата, рече Агатангел.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This