МИХАИЛОВ: Mести ли некој тендери во македонски шуми?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 341 пријавен правен субјект на тендерот за сеча и дотур, 172 не поминале на тендер?

На средина од годината, повеќе од 50% не е успешен тендерот за сеча и дотур?!?

За мене и секој еден што се разбира барем малку од шумарството, ова е страшно!

Дали е во најава не само скандал, туку СКАНДАЛ од НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ?!?

Директоре Зоки, доаѓа денот кога ќе се утврди се што направи во шумарството поради твоето незнаење и немање визија, финансискиот колапс и се останато!

Потоа доаѓа одговорноста!

Но сега мораш да одговориш.

Мораш да одговориш затоа што ова не е нешто што го интересира Кире или некоја политичка партија, ова е нешто што го интересира СЕКОЈ ЕДЕН ГРАЃАНИН во Република Македонија кој се грее на дрва или користи дрво за преработка!

Директоре Зоки, мораш да одговориш :

*Како планирате во оваа 2020 година да го снабдите населението со огревно, а пиланите со техничко дрво, ако на средина од годината, првата фаза, сечата, не е отпочната?

За дотурот и испораката нема да прашам, надвор од секоја нормална логика е?

*Дали планирате да ги смените улогите, т.е. Македонски Шуми да ги направите “тендераш” кај приватните фирми со тоа што ќе им дадете да работат на корен и од ШКП да си ги наполнат складовите, а за шумското, истите тие “газди” што имаат милост, тоа да дадат?
*Дали им должите многу, па мора да е така?

*Дали од причина што знаете дека сте во заминување, сето ова го правите свесно, а провалијата која ја оставате зад Вас е толку голема за никој да не може да ја помине?!?

Вистината боли, а јас сум подготвен за неа да жртвувам се, дури и “она во најава”!!!

Од 341 пријавен правен субјект на тендерот за сеча и дотур, 172 не поминале на тендер?На средина од годината, повеќе…

Posted by Kire Mihailov on Wednesday, May 6, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This