Михајловиќ се отвори: Ќе умрев ако…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ мина низ доста работи во изминативе месеци, година, прво се бореше со леукемија за да потоа се соочи и со коронавирусот.

Популарниот Миха уште еднаш покажа дека е голем борец и излезе како победник од тие ситуации иако признава дека воопшто не било лесно, особено додека траел третманот за леукемија или поточно едноставно морал да му се врати на фудбалот веднаш откако лекарите му дале дозвола за тоа.

-Тој ден, 25 август и мечот со Верона, ќе умрев ако не бев присутен на истиот. Иако бев слаб, морав да покажам сила и дека сум човек кој се бори. Јас секогаш ќе му бидам благодарен на оној што ја донираше коскената срж. Не знам кои се овие луѓе, ама ми го спасија животот, -истакна Михајловиќ кој откри дека му било лесно да се справи со КОВИД-19.

-Кога поминувате низ леукемија, тешко е да ве заплашат. Тоа е како да одите во војна, што може да ве исплаши после тоа? Ако го добие коронавирусот во февруари или март кога имав проблем со имунитет, тогаш ќе беше многу опасно. Сега целосно се опоравив, -порача Србинот за „ТГ1“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This