МИЦЕВСКИ: Која е потребата да имаме собраниски комисии кога не се почитуваат одлуките на комисиите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница посочи дека Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања после два дена расправа одлучи да не му го одземе мандатот на пратеникот Трајко Велјаноски.

Мицевски истакна дека во извештајот на комисијата пишува дека истата не зазема став по барањето на судот за одземање на мандатот на Трајко Велјаноски со 4 гласа за и 4 гласа против и запраша која е потребата да постојат комисиите кога Собранието не ги почитува нивните одлуки.

– Затоа прашувам ако комисијата не зазеде став и колегите пратеници не беа убедени дека има потреба за одземање на мандатот на колегата пратеник, ве прашувам која е потребата е да имаме комисии кога сите работи треба да завршат тука? – рече Мицевски.
Мицевски поради тие причини побара точката да се тргне од дневен ред и потенцираше дека време е веќе еднаш да завладее разумот во Собранието и пратениците од власта да почнат навистина да се залагаат за реформите за кои само декларативно се залагаат но од познати причини за нив редовно ги кочат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This