МИЦЕВСКИ: Се штанцаат закони, на денешнава седница има 15 точки, 10 точки со европско знаменце, а 5 точки се по скратена постапка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, на денешната седница во Собранието на Република Македонија, посочи дека на седницата на која што има 15 точки, 10 точки се со европско знаменце, а 5 точки се по скратена постапка.

Очигледно повторно продолжуваме со начинот на кој што сте научени да работите, во неколку наврати алармирав за злоупотребата на скратената постапка и за злоупотребата на европското знаменце, појасни Мицевски.

-Ако во еден период се повикувавте на итноста на одредени закони сметам дека на денешнава седница на која што има 15 точки, 10 точки со европско знаменце, а 5 точки се по скратена постапка. Можеби не за овој закон кој што го образложи министерот за внатрешни работи, меѓутоа колеги пратеници, претставници од владата, господине Џафери ќе ве замолам доколку навистина сакате транспарентност во работата овие скратени постапки да ги сведеме на минимум, затоа што според последниот извештај на Прибе имате забелешка за скратените постапки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This