МИЦКОВСКИ: Пола држава зјае празна, немаме едно живо село, индустријата ни е Ливерпул 1850, ама битно економијата брилирала

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниве недели бизнисот плаче по немањето работници – пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Како викаат, најголем проблем е мигpaцијата на работната сила. Не на човекот кој преживува, кој не може да добие соодветна ремунерација за својот труд, не човекот што нема услови за достоинствен живот, не младите оставени со никакво образование и без перспектива, не вечниот прекаријат, туку работната сила им мигрирала.

И пак ми текнуваат она бројкине. 500 илјади луѓе се надвор од пазарот на труд, 100 илјади млади, ниту учат, ниту работат.
Знаете како се вика тоа?! Се вика депрecија, yбиени во поим, луѓе без можности, без душа, без школо, без ништо, Епа не сакаат ни да работат. А кој нормален тука сака да црнчи за газди и феудалци?!

И тие луѓе си имаат некоја вина, ама поголемата вина е на оваа вечна транзиција, себична политика и упропастено општество.
Сега ќе субвенционираат администрација да работи приватно. Сега бизнисот ќе моли да се мисли на школството, сега ќе увезуваат илегално Филипинки и Иранци да шијат или градат згради.

Касните дечки, ја исцицавте душата на овој народ и почвата, водата, воздухот на оваа земја. Пола држава зјае празна, немаме едно живо село, индустријата ни е Ливерпул 1850, ама битно економијата брилирала според Владата.

Ах која фејк држава со колку реални пpoблеми- пишува Мицковски на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This