Мицкоски: Анкетата на Телма е вредна 33 милиони евра, оваа Влада е со нajниcка доверба во првите 100 дена од било која Влада претходно низ годините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Прашањето ми е следно” на порталот Инфомакс, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за здравствената криза, економскиот колапс и лошите политики на Владата.

Мицкоски се осврна на анкетата која што се појави низ јавноста во однос на поддршката која ја уживаат политичките партии, лидерите, но и анкетата за 100-те денови на Владата на Зоран Заев. Мицкоски вели дека ова анкета јасно покажува колкаво влијание имале тие 33 милиони евра врз Телевизија Телма, како и врз агенцијата која што најверојатно ја спровела анкетата.

Тој исто така додаде дека оценката која Владата ја добила за нејзината работа во изминатите 100 денови е дури и условно кажано напумпана, поради тоа што и онаа оценка околи 2,5 на скала до 5 е преголема за она што досега го има сработено Владата.

“Зоран Заев и СДСМ јасно знаат со што ќе се соочат на наредните парламентарни избори. Оваа анкета која што се шири низ јавноста е само заблагодарување за оние 33 милиони евра за кои Заев и СДСМ жолчно се бореа изминатите денови. Но, граѓаните на Република Македонија јасно гледаат во која насока ја движи државата Зоран Заев и уверен сум во тоа дека оваа Влада нема да издржи уште долго”, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ваквите високи проценти на поддршка кои што се изнесени во анкетата се тотално нереални и фингирани, поради тоа што сите сме сведоци на тоа какви притисоци се прават во администрацијата, приватните фирми, па дури и на дел од политичарите кои можеби немаат исто мислење со Заев, па затоа поддршката не може и не е логично да биде толкава како што СДСМ сака да ја прикаже во знак на немоќ, заврши Мицкоски.

Петта епизода – „Тешки Муабети“

Петта епизода – „Тешки Муабети“Гостин:Христијан Мицкоскилидер на ВМРО-ДПМНЕ

Posted by iNFOMAX News Macedonia on Tuesday, December 29, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This