Мицкоски: Бидете спремни за мacoвни протecти, 3aeв и Бучковски планираат пpeдaвcтво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се огласи на својот фејсбук профил со алармантни информации.

Тој на неговиот фејсбук профил напиша:

-АЛАРМАНТНИ се информациите кои ги добив од дипломатски извори за новото предавство подготвувано од дуото Заев-Бучковски.

Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија.

Заев се колнеше дека не прифаќа преговори за идентитетот и јазикот, а со прифаќањето бугарската Декларација да биде дел од преговарачката рамка на ЕУ, директно нѐ става во позиција да преговараме за македонскиот идентитет и јазик. Тоа е потег еднаков на предавство на македонскиот народ.

Моите информации говорат дека сето ова, дуото Заев-Бучковски планира да биде потпишано од нив, без да има расправа и усвојување на документот во Собранието на Македонија.

Ако Заев го прифати ова, тоа значи дека нѐ става во позиција да го негираме македонскиот идентитет и да прифатиме дека како народ постоиме од 1945 година, што е небулоза и срам за сите нас и за нашите предци и поколенија.

Не смееме да дозволиме овие двајца политички измамници да ја понижат жртвата на нашите предци и да ја загрозат иднината на нашите потомци. Затоа треба да бидеме подготвени за одбрана на македонскиот идентитет како составен дел од европските вредности, и да не дозволиме. Да бидеме подготвени за блокади и масовни протести! Нема преминување на црвените линии!

Не за уште еден национален пораз! Не во наше име и не за нашата Македонија!

П.С. Воедно да го споменам и следново, Заев изјавува дека ми бил даден на рака португалскиот предлог во однос на спорот Бугарија-Македонија. Само политички аматер како Зоран Заев гради дебата околу предлог кој беше експресно одбиен од бугарската страна, што подразбира дека секој следен би бил драматично полош и поштетен предлог споредено со претходниот.

Од другата страна премиерот Зоран Заев денеска изјави дека португалскиот предлог за нашата страна е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија и оти е задоволен од креативноста на португалското претседателство за да се се изнајде решение меѓу двете земји, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција до крајот на јуни. Заев, сепак, вели дека очекувањата треба да бидат приземни, бидејќи Бугарија се уште има техничка влада.

Тоа за нас е одлична појдовна основа за постигање на договор. Кога велиме за нашите страни ги знаете – македонскиот јазик и македонскиот народ и идентитет се нешто за кое што не сакаме документ да погледнеме, не предлог. И тоа им е јасно на сите. Впрочем кога разговараме и со соседите, со Бугарија зборуваме дека и тие ја прифаќаат реалноста на македонскиот народ и македонскиот јазик, но важно е како се формулираат самите ставови – рече Заев во одговор на новинарски прашања по увидот во реконструираното одделение во Комплексот на Клиниката за торакална хирургија „Мајка Тереза“.

За португалскиот нон-пејпер не откри повеќе детали, вели оти треба да се внимателни во образложувањето на самиот документ, и оти е кажано тоа што е дозволиво да се изнесе пред јавноста, изразувајќи задоволство од, како што рече, инвентивноста и креативноста на португалското претседателство.

Позитивно сме изненадени од португалското претседателство, затоа што не е земја што е околу Западен Балкан па да биде целосно во тек. Важно е што водела грижа оваа екипа предводена од министерот за надворешни работи на Португалија за двете страни – за македонската и за бугарската страна. Исто така е важно што воделе грижа и за бугарската позиција која што е навистина секако внимателно обезбедена и гарантирана. Тоа ни дава надеж дека може да се направи исчекор – рече Заев.

Тој изрази уверување дека сега под раководство на двајцата министри за надворешни работи постои можност да се усогласат тие делови коишто е важно да ги усогласиме за да добиеме шанса и надеж, прво за 22 јуни кога е Советот на општите работи за да може да се донесе одлука.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This