Мицкоски: Благодарност до сите што ја земаа судбината во свои раце и излегоа на гласање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес го искористи своето право на глас.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа и гласаа, бидејќи тие ја земаа судбината во свои раце. Тоа е единствениот начин како да се стави крај оваа апатија, на безнадежност која што владее во државата, на огромен криминал, корупција и сето она кое што изминатиов период навистина сериозен проблем. Без разлика за кого го дадоа својот глас ја имаат сета моја почит, и им благодарам за тоа што денеска го реализираа и го остварија своето граѓанско право и излегоа на избори.

Апелирам, сето она што се случуваше во изминативе неколку денови, сите оние нерегуларности, притисоци, закани, уцени, поткупи може да се надмине само со масовна излезност. И затоа ги повикувам граѓаните, без разлика за кого ќе го дадат својот глас, тие најдобро знаат и секогаш се во право за кого ќе гласаат“, истакна тој по гласањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This