April 27, 2024, 12:36 am

Се огласи Џафери за обвинyвањата за агитиpање во предизборниот молк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери придружуван од сопругата, го даде својот глас во избирачкото место 0502 во селото Форино. Тој по гласањето посака успех на сите кандидати и апелираше за мирен изборен ден.
– Го искористив правот на глас. Засега, процесот тече без проблеми и сè во ред. Апелирам до крајот на денот така и да продолжи со ваков ритам. Апелирам и до граѓаните да излезат и да ја искористат можноста и правото да ги изберат најдобрите за кои тие сметаат. Воедно им посакувам успех на сите кои учествуваат на овие избори, рече Џафери.

Тој на новинарско прашање за обвинувањата од политичките опоненти дека агитирал во време на предизборен молк искоментира дека, тоа е неточно и дека бил во посета на соседи за да изрази сочувство
– Во саботата требаше да завршам некои работи поврзани со случувања во селото. Дента имаше два смртни случаи и требаше да одам да изразам сочувство. На таа снимка, може да се види каде сум бил и со кој сум бил, а тоа најдобро го знаат моите соселани форинци. Во контекст на тоа што го зборуваа, сакам да кажам дека нема никаква врска. Мојата обврска е и граѓанска и како човек да појдам да изразам сочувство. Жалам што морам да го споменам тоа како причина, но граѓаните знаат каде сум бил, изјави Џафери

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This