Мицкоски: Влacтa пoкpaj тoа штo kpaдe oд тeндepи, ceгa kpaдaт cтpyja и oд peгиoнoт, тoa ce плaќa oд џeбoт нa гpaѓaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава од Гевгелија, а во однос на енергетската криза, истакна дека ова недомаќинско работење на власта освен со крадење од тендери, резултира со крадење на струја од систем операторите од регионот, а за жал неработењето на власта ќе го платат граѓаните.

Неколку месеци наназад се обидувам да алармирам за ова коешто се случува, за жал не сум убеден дека она коешто го говори Зоран Заев ќе се оствари, затоа што оние луѓе кои го водат енергетскиот сектор во земјава не знаат како тоа да го направат, а за жал и состојбата во Европа е таква да тешко ќе можеме да дојдеме до ефтин енергенс и ефтина струја која ќе ја користат граѓаните, и сега не само што крадеа до сега од тендерите во РЕК Битола, сега почнаа да крадат и од соседните земји, критикуваше Мицкоски.

Тој вели дека аларми од Брисел стигнуваат да се престане веднаш со крадењето на струјата од соседните систем оператори, а власта се обидува да фингира старт на некој од блоковите, а состојбата во земјава е алармантна и јасно е дека многу скоро енергетскиот систем во Македонија ќе биде сериозно оптоварен поради потребите на граѓаните и стопанството а државата нема обезбедено евтин ресурс, вели Мицкоски.

Мицкоски појасни дека многу брзо Македонија ќе се врати 40-50 години наназад, која домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија и се воведуваа рестрикции.

Сето ова недомаќинско работење, работење по принципот „да го клекнеме народот на колена, да ја клекнеме државата на колена” ќе доведе до сериозна не само енергетска и финансиска криза, затоа што се ова мора некој да го плати, а на крајот од денот тоа ќе го плати за жал народот, посочи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This