МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе победат и Македонија денес ќе ја добие првата жена за претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес го оствари своето право на глас.

-По 5 недели кампања, по поминати повеќе од 13.000 километри низ Македонија, можам да заклучам дека денес е денот кога граѓаните треба гласно да зборуваат, со пенкалото во рака, позади гласачката кутија. Дали се за ова секојдневие кое што денеска, за жал, е власт во Република Македонија, предводена од Заев Зоран или пак сето она кое ние во изминатиов период го зборуваме, а тоа е правдата која што треба да ја победи целокупната неправда која што денеска се случува во Република Македонија, рече тој.

Мицкоски посочи дека ова е свечен ден и покрај сите неправилности и нерегуларности за кои дознаваат од терен.

-Очигледно е дека карактерот на властодршците на Зоран Заев не мирува, сакаат на насилен пат да се избере претседател во Република Македонија. Покрај сите притисоци, злоупотреби, покрај сето она кое се случуваше изминативе денови, особено полициската опсада која беше реалност во Охрид и Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова ќе победат денеска и Македонија денес ќе ја добие првата жена за претседател, порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This