Ја посетив фабриката ОДВ електрик. Ова е одлична прилика да ги презентирам нашите планови за она што ќе го реализираме во идниот период. Имаме реална и силна понуда која носи надеж, носи просперитет и повеќе за секого. За бизнис секторот освен тоа што планираме поддршка за инвестиции, пониски даноци, планираме и силен инфраструктурен бум. Под ова подразбирам обнова која ќе донесе наше обврзување дека ќе инвестираме 2 милијарди евра за еден мандат во градба на патишта. Тоа се 2 милијарди евра свежи пари во економијата. Воедно се обврзуваме да обновиме со нов асфалт 1000 километри регионални патишта, што ќе значи да нема не асфалтиран регионален пат. Се обврзуваме за градба на нов автопат Велес Прилеп, Битола, но и довршување на автопатот Кичево Охрид кој оваа влада го заглави. Нов автопат Скопје Блаце и 150 километри експресни патишта. Само овие проекти ќе обезбедат 30% раст на градежништвото. А основен услов за економскиот развој е добрата инфраструктура. Добрите патишта, обновата на инфраструктурата се предуслов за економскиот развој и ние тоа ќе го исполниме. Додека рекетот е главно занимање на власта, обновата на Македонија е нашиот приоритет.
МИЦКОСКИ ВО ПОСЕТА НА ФАБРИКАТА ОВД ЕЛЕКТРИК: Одлична прилика да ги презентирам нашите планови за она што ќе го реализираме во идниот период
Поврзано
- Advertisement -