МИЦКОСКИ ГО ПОВИКА НАРОДОТ: Следете ме во борбата во која сме длабоко загазени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот масовен протестен марш во Кичево го повика народот да го следи во борбата во која сме длабоко загазени, ставајќи акцент на овие тешки мигови во кои се наоѓа државата.

 

-Стојам овде и ве повикувам, следете ме во борбата во која сме длабоко загазени, вели Мицкоски на Твитер.

Мицкоски од Кичево испрати низа на моќни пораки кои долгов време ќе одѕвонуваат во главите на гласачите. Тој запраша кој е тој да му кажува на народот што да прави, моментот кога влегов во политиката, одбрав да му бидам слуга на својот народ вели тој.

-Кој е Христијан Мицкоски да му кажува на народот што треба да прави, да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски ПР советници. Кој ми го дал тоа право? Моментот кога одбрав да влезам во политиката, свесно одбрав да бидам слуга на мојот народ и тоа ќе продолжам да бидам, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На крајот од својот историски говоро тој испрати уште една порака до народот:

-Ако водам – следете ме, ако се двоумам – поттурнете ме, ако ве предадам – убијте ме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This